Почина првата Американка која беше во вселената


Сали Рајд, првата Американка која ја посети вселената, почина од рак на 61 годишна возраст.Рајд отпатува во вселената два пати, во 1983 и во 1984 и таму помина 343 часа. Третиот лет во 1986 беше откажан, бидејќи Челинџер експлодира.

Рајд за прв пат ја посети вселената на 32 години со „Челинџер“ во 1983 година. Откако таа го скрши мразот, повеќе од 42 Американки го следеа нејзиниот пример и отидоа во вселената.

 – Сали беше национален херој и силен пример. Таа инспирираше генерации млади девојки да посегнат по ѕвездите – стои во соопштението од претседателот Барак Обама.

 – Сали ги скрши бариерите со својата професионалност и го смени лицето на американската вселенска програма – изјави Чарлс Болден, поранешен астронаут.

Рајд беше физичар, автор на неколку научни книги за деца и претседателка на компанија во нејзина сопственост. Беше професор по физика на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего.

 За астронаут била избрана во 1978 откако победи 5 други жени кандидатки за патот во вселената. Рајд беше испратена на ова патување по цели 2 децении откако Русија испрати жена – астронаут во вселената.

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1