Почина ракометарот на РК Бутел, Денис Тот


Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина на КАРИЛ, дознава Курир од болнички извори. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27 годишниот ракометар од Хрватска.

Во медиумите доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и со тешки повреди, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговиот брат, Борис, кој исто така е ракометар и настапува во Холандија за хрватските медиуми потврдил дека тој е хоспитализиран, а родителите упатени кон Скопје.

Медиумите од Хрватска денеска објавија дека Тот бил претепан во ноќен клуб, а видео снимките избришани. Пресврт во пишувањата за физичкиот напад се случи по изјавите на МВР и КАРИЛ.

Од Министерството за внатрешни работи истакнаа дека пријавата од Клиничкиот центар ја добиле вчера утрото во 4:11 часот, а лицето било донесено во бесознание и без видливи повреди од насилство.

За здравствената состојба на ракометарот, изјава даде и директорката на КАРИЛ доктор Маја Мојсова.

-Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот, изјава Мојсова за „Фокус“.

Неофицијално, причина за смртта е срцеви проблеми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1