Одговорност од лекарите во болницата во Прилеп ќе бара семејството за смртта на 21 годишната Симона Блажеска од , која почина ноќеска 12 часа по породувањето. Младата мајка вчера утро била примена во болницата, а нешто пред 14 часот родила здраво машко дете. Во добра здравсвена состојба била префрлена на акушерскиот оддел. Подоцна имала посета, а сто така, со блиските контактирала и на телефон. Но, околу 19 часот се пожалила на болки, а по настанатите компликации и обилното крварење, родилката починала 1 час по полноќ. Роднините велат дека ќе бараат истрага, дали се преземни сите мерки за да се спаси нејзиниот живот и што се случило со младата мајка, на која ова и било второ продување.
-Мора нешто да се преземе, да се види како се работи овде, не земаат плата за спиење. Јас се слушнав сношти со Симона, ми рече добри сме и јас и детето. Што чекале лекарите, зошто девојчето не го донеле во Скопје, рече тетка на Симона.
-Здраво право девојче, полно со живот, не може тоа да се случи туку така, преку ноќ, вели друга роднина на починатата родилка.
Од прилепската болница велат дека породувањето течело нормално, а младата мајка ја породил гинеколог кој ја следел нејзината бременост и бил повикан од дома. По настанатите компликации, беа преземени сите мерки но пациентката почина, велат од болницата. Лекарите 6 часа се обидувале да ја спасат родилката.
-Пациентката беше префрлена во одделението за интензивна нега и реанимација, направена е опсежна реанимација, постапено е по сите стандарди и протоколи, ангажирани се 4 гинеколози, 2 анестезиолози, 1 уролог, но во 1,45 мин пациентаката почина“, изјави Петар Ристевски, директор на градската болница „Борка Талески“ во Прилеп.
Основниот јавен обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 21 годишната родилка., а случајот ќе го испитува и комисија од Министерството за здравство.
Родилиштето во болницата во Прилеп во 2010 годинаа беше затворено после неколку случаи на смрт на родилки, а породувањата се вршеа во битолската болница. Гинеколошкото одделение се соочува со недостиг на лекари специјалисти, заради што 6 гинеколози од Битола дежураат во болницата во Прилеп.
Telma.mk