Една од најголемите француски рок ѕвезди Џони Холидеј, почина минатата ноќ на 74-годишна возраст, по долга борба со рак на белите дробови.
Веста за смртта на пејачот утрово ја соопшти негова сопруга, но и Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Џони Холидеј си замина. Го пишувам ова, а не можам да поверувам. Но, вистина е. Мојот сопруг повеќе не е меѓу нас. Ноќва не напушти како што живееше – смело и достојно – изјави неговата сопруга Летисија.
„Холидеј… Донесе дел од Америка во нашиот национален пантеон“, се наведува во соопштението на Макрон по разговорот со членови на неговото семејство.
Џони Холидеј беше познат како „францускиот Елвис Присли“, а инспирација за музиката црпеше од Чак Бери и Бади Холи.