Туморот на Валерија е отстранет без да биде оштетен говорот и парализирана десната страна


Малата Ваерија Зафировска од Штип, која се оперираше од тумор на мозокот во Истанбул, е во одлична состојба вели нејзината мајка Марина, за еМагазин. Тие вчера биле пуштени од болница и сега престојубаат во хотел во Истанбул.

„Во среда ни е закажана контрола кај лекарот. Чекаме резултати од биопсијата. 98 проценти од туморот е отстранет, без да предизвика компликации на десната страна, рака, нога и говор. Според Биопсијата, ќе знаеме со каква терапија ќе се лечат тие 2 отсто“ – вели Марина.

Таа додава дека она поради што се одлучиле детето да се оперира во Истанбул е што во Македонија им кажале дека ќе отстранат само 70 отсто од туморот, а Валерија ќе биде со оштетен центар за говор и со парализирана десна страна.

Терапијата, Валерија исто така ќе ја прима во Истанбул, а на 14 декември треба да се вратат во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1