По кусо и тешко боледување почина познатиот угостител Ставре Николоски, сопственик на скопскиот ресторан Уранија”. Погребот ќе биде извршен утре точно напладне во неговото родно Крушево.
Николоски беше сопственик на познатиот угостителски бренд “Уранија”, угостител со 30 годишно искуство, односно неговиот бренд меѓу скопјани е присутен од 1992 година, и тоа на просторот во Градскиот парк.