Во тетовската клиничка болница вчера бил донесен 60-годишниот М.Б. од Брвеницa со сериозни повреди што ги задобил од паѓање од објект во изградба селото.
Повредениот по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники, поради сериозните повреди, но М.Б. подоцна им подлегнал на повредите.
-Работејќи на објектот, односно обидувајќи се со рачна макара да подигне пакети со керамички плочки, му се откачила макарата, загубил рамнотежа и паднал од височина од седум-осум метри. Од паѓањето, се повредил на главата, по што со возило бил пренесен во тетовската болница, информираат од полицијата.
Извршен е увид со учество на јавен обвинител, трудов инспектор и екипа на СВР Тетово.Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.