Почина вдовицата на Френк Синатра, Барбара


Барбара Синатра, вдовица на легендарниот пејач Френк Синатра, почина вчера, на 90 годипна возраст, јавија денеска американските медиуми.

– Пред смртта, таа беше опкружена од семејството и пријателите во својот дом во Ранчот Мираж во Калифорнија – изјави семејниот портпарол.

Барбара во 1957 година се омажи за Френк, и беше со него во брак 26 години, што беше еден од најдолгите четири брака на Френк.

Тој порано беше оженет со Ненси Барбато, Ава Гарднер и Миа Фароу. Френк Синатра почина во 1998 година.

Барбара во младоста била модел, но подоцна стана позната по својата работа со злоставуваните и занемарувани деца.

Центарот за деца Барбара Синатра на Ранчо Мираж обезбедува терапии и посебни програми за злоставувани деца во ризични ситуаци и во него се лекувале повеќе од 20.000 деца откако е основан во 1986 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1