Почина затворничката која “Идризово” не ја носеле не лечење


Затвореничката од “Идризово”, Ката Трајкова која беше болна од карцином и два месеци лежеше во затворската соба без соодветна терапија и нега, вчера почина во Гостиварската болница, јавува Досие.мк.

Според болнички извори, таа самата побарала лекарска помош. По неколку часа од приемот состојбата и се влошила и починала. Обвинителството дало наредба за обудукција.

Сега починатата беше осуденичка во затворот Идризово. Околу нова година беше оперирана од карцином, и веднаш вратена во затворски несоодветни услови. Внатре за неа се грижеа затвореничките.

Од затворот Идризово, по објавувањето на сторијата на Досие.мк, ја пратиле Трајкова во болница но истовремено за неа бил побаран и предвремен отпуст од затворот, барање кое набризна било одобрено.

Затворот ја остава во болницата од каде Трајкова си оди без никој да знае каде е и што прави. Трајкова била со нарушено психичко здравје, за што потврдија и тогашните раководители од Идризово и е нејасно како можела да потпишува документи.

Првиот документ кој го отвори овој сомнеж се документите за отпуст од Клиника на кои затвореничката е потпишана дека доброволно ја напушта болницата и тоа на нејзина одговорност, веднаш по операцијата. Но токму оваа постапка доведува до сомнеж колку била свесна што потпишала и дали воопшто знаела каков документ потпишува. Затвореничката подолг период е на силна медицинска терапија поради психички проблеми, заради што е нејасно како можела сама да донесе одлука.

Иако вратена во “Идризово”, лекарите од Клиниката за онкологија препишале соодветна терапија меѓу другото и хемотерапија. Но жената воопшто не била однесена да ја прими ниту еднаш. Исто така е нејасно кој одлучил затвореничката ниту една да не ја прими најважната терапија за лекување на оваа тешка болест.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1