Почина здравствен работник од КОВИД-19 во Македонија – 3 починати, 38 новозаболен


58 годишниот фармацевт Петар Мојсоски од струшко е првиот здравствен работник кој вчера почина како последица од компликациите на Ковид 19.

Мојсоски се заразил на работното место во аптека а поради влошената здравствена состојба бил хоспитализиран на Клиниката за Инфективни болести. Но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Од Фармацевтската Комора изразувајќи длабоко жалење за смртта на нивниот колега, побараа од граѓаните и покрај олеснувањето на рестрикциите, да ги почитуваат мерките за заштита при одење по лекови бидејќи со тоа го изложуваат во ризик и сопственото и здравјето на фармацевтите.

„Фармацевтска комора на Македонија со огромна болка и тага соопштува дека на27-ми мај 2020 година згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга. Основно образование има завршено во родното место, а средно образование – гимназија во Струга. Своето образование го продолжува на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Стручните знаења како и љубовта кон природата ги користи во интерес на науката и публикацијата. Уште за време на студирањето објавува научни трудови од областа на лековитите растенија и нивната употреба. Во 2005 година ја објавува својата прва книга „Лековити растенија на планината Јабланица“, во 2008 „Природни антибиотици“ и во 2009 „Отровни билки“. Петар Мојсоски целата своја кариера ја посветува на пациентите работејќи во аптека најдолго во родното Подгорци како и во други места. Најважна грижа му беа пациентите и нивното здравје. За жал, извршувајќи ги своите професионални должности, пружајќи здравствена заштита, на своето работно место, во аптека, се зарази од вирусот SARS-CoV-2. Болеста го совлада и ја загуби битката со неа на Инфективната клиника во Скопје. Петар Мојсоски е првиот здравствен работник кој почина од КОВИД -19. Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациентите без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија кога потребата за посета на аптеките е поголема изложеноста на здравствените работници е зголемена, а со тоа и ризикот за заболување.

Почитувањето на мерките за заштита се од огромна важност и за намалување на можноста за заболување и на можноста за ширење на болеста. Се замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките, да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека. Препораките се објавени на веб страната на Фармацевта комора www.fk.mk. Потребни се координирани чекори со Министерството за здравство и другите здравствени установи и работници во понатамошниот развој на настаните поврзани со преземање на мерки за заштита и ширење на болеста. Ја истакнуваме потребата од поголема вклученост на Министерството за здравство во донесувањето на
понатамошните мерки и препораки за работа на аптеките и здравствените работници кои работат во нив.

Голема е тагата, Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник. Упатуваме длабоко сочувство до семејството и до најблиските.“, стои во известувањето.

Но бројките на новозаболени не покажуваат дека сите се придржуваат на препораките. Изминатото деноноќие починале тројца пациенти, односно, последните три дена има дури 9 смртни случаи. Расте и бројот на новозаболени и во последните 24 часа Ковид 19 е потврден кај 38 лица од кои 24 се во главниот град. Во Скопје и понатаму критични се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром каде кластерите им се познати на епидемиолозите, а заразени има и во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров.

Освен Скопје, загрижувачка е состојбата и во Штип каде корона вирусот се шири меѓу текстилни работнички а во изолација се повеќе од 100 лица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1