Почина Жељу Желев поранешниот бугарски претседател


На 79-годишна возраст денеска почина Жељу Желев, првиот демократски избран претседател на Бугарија, јави БТА.

Роден на 3 март 1935 година во селото Веселиново кај Шумен.zelju-zelev.jpg-500

Средно образование завршува во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломира филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили во декември 1989 година.

Желев е носител на највисокото државно одличје на Бугарија, орденот „Стара Планина“ од прв степен, како и на поголем број академски и државни награди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1