Пред очите на научниците – Осумгодишно девојче пронашло лек за рак?


Камила Лисанти, осумгодишно девојче од Манчестер, можеби измислила лек против ракот, додека за вечера си разговарала со своите родители.
rak devojce

Таткото Мајкл, кој го проучува ракот, спонтано ја прашал како таа би ја лечела оваа подла болест. Откако малку размислила, му рекла дека би користела антибиотици, „како кога имам воспаление на грлото“.

Таткото и неговата сопруга Федерика Соџи, и двајцата членови на научниот тим на Универзитетот во Манчестер, ја анализирале нејзината теорија во лабораторија и биле изненадени кога виделе дека неколку евтини и широко распространети антибиотици ги уништиле канцерогените клетки.

Федерика Соџи

Федерика Соџи

Некои антибиотици ги спречуваат клетките во создавање на митохондриите, кои клетките ги снабдуваат со енергија. Канцерогените матички клетки, кои создаваат тумори и ги одржуваат во живот, често содржат многу митохондрии.

Истражувањето на овој пар научници покажало дека четири популарни антибиотици, од кои некои чинат помалку од шест пени дневно (најновите лекови чинат и по неколку стотици фунти), ги уништуваат матичните клетки во примероците од канцерогено ткиво од дојка, простата, бели дробови, јаници, панкреас и кожа.

Што е најважно, антибиотиците не ги уништиле здравите клетки. Професорот Лисанти смета дека постојат големи изгледи антибиотиците да се покажат како евтина и сигурна метода за лечење на ракот, а сето тоа благодарение на предлогот од неговата ќерка.

Мајкл - таткото на Камила

Мајкл – таткото на Камила

„Таа слушнала дека често зборуваме за ракот и помисливме дека би било забавно да ја прашаме што мисли таа за лечењето на оваа болест“, рекол Мајкл Лесанти за „Daily Mail”.

„Таа обично е во право. Секогаш има подготвен одговор кој има смисла. Помислив дека е наивна што мисли дека антибиотиците би го излечиле ракот, но се испостави дека Камила беше во право“, додал тој.

Истражувањето ветува, но во овој момент е ограничено на лаобраториски резултати и треба да биде тестирано на луѓе.

Др. Алан Ворсли од Истражувачкиот центар на Велика Британија за „Independent” рекол дека „оваа работа не укажува дека одредени антибиотици би делувале на клетките од рак кај болните, ниту какви несакани дејства би можеле да имаат. Уште од 60-тите години е познато дека некои антибиотици имаат антиканцерогено дејство и најдоа примена во лечењето на рак, со хемотерапија“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1