Почина жената која одби лечење на тумор за да стане мајка – роди синче пред 39 дена


30 годишната Јелена Тиркиќ починала во клиничкиот центар во Бања Лука на одделението за гинекологија и акушерство.

Младата жена од Предор одби лечење на тумор на мозокот со јаки цитостатици, како би можела да стане мајка. Во 2007 и бил констатиран тумор и по две операции таа донела одлука да го прекине лечењето за да си го оствари сонот и да стане мајка.

Во нејзината одлука ја подржа и нејзиниот сопруг. За време на бременоста комплетната терапија за лекување на туморот била прекината и лекарите ја предупредиле дека сите прогнози за развојот на болеста се неизвесни.

Пред 39 дена го родила синот Никола. Кога се родило бебенцето имало 1.970 грама. Но за време на бременоста туморот напредувал забрзано и минатата ноќ Елена починала.

Таа иако заболи од оваа болест, запишала и економски факултет и го завршила на почетокот на оваа година.

,,Што и да се случи зад мене ќе оставам моја крв и месо и само така мојот живот ќе има некоја смисла – да оставам зад себе живо човече кое ја носи мојата крв,, изјавила Елена кога дознала дека е бремена.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1