Во понеделникот на 53 годишна возраст почина Terrie Hall, жената која храбро истапи во националната кампања против пушењето на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Жената која многу луѓе инспирираше да престанат да пушат, ја изгуби последната битка, а со неа до последниот момент биле семејството и пријателите.
Тери почнала да пуши уште во средно училиште, а страста кон цигарите не и престанала ниту откако во 40-та година и бил дијагностициран рак на устата.
Прекинала да пуши откако и бил откриен рак на грлото и оттогаш својот живот го посветила на борбата против обој порок.
Снимила шокантна реклама поради која 100 илјади Американци ги оставиле цигарите, објави Американскиот центар за превенција и контрола на болестите.