Двајца мажи на возраст од 47 и 63 години се најновите жртви на грипот во последните два дена, информираат од Инфективната клиника во Скопје.
Претходно, пациентите околу 20- тина дена биле хоспитализирани на Клиниката со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања.
Шеесет и тригодишниот маж, кој бил од околината на Скопје, имал претходни хронични заболувања како што се: билатерална бронхопневмонија, дијабет и хронична срцева слабост. Вториот починат, кој исто така е од Скопје исто така има хронични проблеми со здравјето, односно хроничен бронхит, бронхопневмонија и акутна бубрежна слабост.
И покрај спроведената антивирусна терапија и вложени максимални напори на лекарите од Инфективната клиника, пациентите завршиле со смртен исход.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 110 пациенти, од кои 6 се во потешка здравствена состојба и се третираат на одделението за интензивна нега.