Починал најсилниот човек од Југославија (Видео)


Nasser-El-Sonbaty-umrel-04

Најуспешниот бодибилдер во Југославија, Насер ел Сонбати починал на своја 47 годишна возраст, како последица од инфекција на бубрезите.

Насер ел Сонбати, најуспешниот југословенски бодибилдер, починал на своја 47 годишна возраст, како последица од инфекција на бубрезите, додека бил на одмор во Египет, објавиле светските медиуми.

Таткото на Насер бил со потекло од Египет, додека пак неговата мајка била Србинка. Иако тој бил роден во Германија, во текот на својата професионална кариера Насер се натпреварувал под знамето на Југославија.

Во светот на бодибилдингот бил познат како Големиот Насер затоа што долго време тој важел за еден од најголемите натпреварувачи.

За натпреварувањето Мистер Олимпија, тој се квалификувал десет години по ред, а во 1997 година, тој бил втор во светот.

Nasser-El-Sonbaty-umrel-08

Иако тогаш победата ја издвојувал Доријан Џетс, поголем дел од познавачите на спортот сметале дека тој ја заслужил победата.

Насер од своите колеги се разликувал по високото образование. На Универзитетот во Аугзбург, тој се стекнал со мастер дипломи од историја, социологија и политички науки.

Покрај тоа, тој течно говорел дури седум јазици: српски, арапски, англиски, француски, италијански, шпански и германски

Извор – Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1