Велешанец се избори да не плаќа радиодифузна такса


Без совети од правници, без помош од институциите, велешко семејство кое живее во Дервенскиот Поток успеа да се избори да не плаќа радиодифузна давачка. Семејството Трајков со куќа на улицата „Вера Циривири“ 210, по десетгодишна борба успеа да издејствува да биде ослободено од радиодифузна такса. Цели 10 години се обидувале да докажат дека во местото каде што живеат нема сигнал за телевизија, и конечно успеале.

velesanec radiodifuzija„Местоположбата на оваа населба е таква што нема сигнал за телевизија. Во дупка сме и опколени со високи карпи. Се обидувавме со години наназад преку пратеници, преку луѓе кои ја знаат оваа работа да издејствуваме да бидеме ослободени, но ништо не помогна. Затоа прочитав „Службен весник“ и Закон за радиодифузија. Се повикав на членовите кои го регулираат ова право и барањето го испратив до Советот за радиодифузија и до УО на МРТВ. И, добив“, вели Трајче Трајков.

Но немањето телевизиски сигнал не е само негов проблем, туку на илјада жители од овој дел на Велес. жителите од населбата, ќе се организираат да бараат и тие да бидат ослободени од радиодифузната такса.

Извор – Утрински Весник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1