Кристи Ален 29 годишната мајка на две деца од селото Анфид Плејн во Англија починала само неколку часа откако и бил дијагностицирана ретка појава на рак на белите дробови и покрај тоа што никогаш не пушела цигари.
Иако била здрава и во добра форма, Кристи Ален поради изненадувачката дијагноза и брзата смрт не стигнала достојно да се прости со нејзините деца, 6 годишниот Ебони и двегодишниот син Адам, ниту пак успеала да ја прими првата терапија.
Кај лекарите се обратила поради проблеми со очите и силни главоболки кои ги добила пред шест недели. Во меѓувреме имала и потешкотии со дишењето. Тестовите на крвта се покажале дека боледува од редок рак на белите дробови, кој се проширил на црниот дроб, панкреасот и жлездите на вратот.
Следниот ден веќе починала. Лекарите за непушачите велат дека еден во осум милиони луѓе заболува од рак на белите дробови.