Пријава за починато лице кај трговскиот центар Сити Мол утринава во 10 часот добила полицијата.
Според информациите на повозрасен маж му се слошило на автобуската постојка кај трговскиот центар, по што починал.
Полицијата по извршениот увид утврдила се станува збор на 87-годишниот Коста К. од Скопје чие тело по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб.