Починатата родилка од Охрид и починатиот маж од Битола немале Ковид – 19


Резултатите на две лица кај кои по смртта е земен брис за тест на Ковид – 19, маж од Битола и родилката од Охрид, која почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид – 19, соопшти МЗ.

Резултатите на две лица кај кои по смртта е земен брис за тест на Ковид – 19, 66-годишниот маж од Битола и родилката од Охрид, која почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид – 19, соопшти министерството за здравство.

-Мажот на возраст од 66 години, кој од страна на МВР при извршување на рутинска контрола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот, наведуваат од министерството.

Негативен на Ковид -19 е и резултатот на родилката од Охрид, која почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Пациентката на возраст од 37 години, била донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 изнесува 354 лица. Вкупниот број тестирања досега извршени во земјава се 3.775.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1