Почна анти-владиниот протест на опозицијата


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест со автомобили.

Колоната автомобили тргна од пред Спортскиот центар Борис Трајковски и се упати кон Владата, каде треба да заврши протестот.

Протестот што партијата го најави како „сенароден и надпартиски”, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна”.

Во повикот за протестот од опозициската партија апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анацинална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија”.

-Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сте вие повикан ниту имате знаење да толкувате историски факти. Не сте вие тој што ќе ни кажувате кој бил фашист, а кој не. Историјата одамна го кажала тоа. Гробовите на нашите партизани, на тие наши млади македонски херои, гробницата на 12-те убиени невини деца од Ваташа, семејните преданија за тоа кој колел и кој убивал на ова парче земја до последна педа натопена со крв – сведочат за тоа!“, изјави професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева -Улчар која присуствуваше на протестот.

„Оставка на Заев, слобода на народот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после одржаниот протест на партијата.

„Време е да ја кренеме главата и да се изборат Македонците за своите правдини. Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвето негово“, рече Мицкоски кој побара Заев да се извини „за навредите кон македонските граѓани, предци и херои“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1