Почна чистката на Трамп: Отпуштени 46 обвинители на САД, следуваат другите агенции и Стејт департментот


Новиот американски претседател Доналд Трамп почна со длабински промени во администрацијата.

Со еден потпис, Трамп ги разреши сите 46 обвинители на САД од времето на поранешниот претседтел Барак Обама, кои се во надлежност на Јавниот обвинител на САД и Департментот за Правда.tramp-7-640x427

Министерството за правда на САД соопшти дека нема ништо невообичаено во ваквото постапување, бидејќи слични постапки имало и при претходните промени на власта во земјата.

Во соопштението се додава дека повеќето од јавните обвинители именувани од Администрацијата на Обама веќе поднеле оставки на своите функции, а дека Трамп сега ги разрешил преостанатите 46 обвинители. САД имаат вкупно 93 федерални јавни обвинители.

Во следните недели се очекува да продолжат ваквите длабински промени во другите сектори и агенции.

Слични промени и нова гарнитура се очекува во Стејт департментот, каде што 99 % од донациите на вработените во време на кампањата отидоа за Хилари Клинтон, а само 1 % за Трамп.

Администрацијата на Доналд Трамп интензивно работи на нови кадровски решенија, кои се дел од неговата конзервативна агенда.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1