Почна да се гради клучката кај Момин Поток


Станува збор за изработка на кружен тек со шест коловозни ленти, четири од нив се дигаат на девет метри, и влегуваат во ридoт кај касарната Илинден, каде што се изведува вториот кружен тек, со што ќе се овозможи непречено движење на сообраќајот без застој и без семафори

Премиерот Зоран Заев и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска и официјално ја најавија реализацијата на најкомплексниот проект во државата. Тоа е изградбата на кружните сообраќајни решенија кај зоната „Момин Поток“, во Општина Карпош. Станува збор за еден од најкомплексните проекти во државата.

Предвидена е изградба на два кружни тека. Првиот треба да ја замени раскрсницата кај булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, а вториот да ја замени раскрсницата на булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница.

Станува збор за изработка на кружен тек со шест коловозни ленти, четири од нив се дигаат на девет метри, и влегуваат во ридoт кај касарната Илинден, каде што се изведува вториот кружен тек, со што ќе се овозможи непречено движење на сообраќајот без застој и без семафори.

-Денеска сме тука за да го поздравиме стартот на работите на едно од најмодерните сообраќајни решенија, поточно изведбата на два кружни тека. Едниот на булеварот „8 Септември“ со улицата „Скупи“ и вториот кај клучката на булевар „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“. Кога ќе бидат завршени, како и изградени и двата моста на реката „Серава“и дополнително коловозни ленти и крстосници, ќе се обезбеди лесен и со ништо непопречуван проток на возила – истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека со овие зафати ќе се обезбеди поефикасно меѓуопштинско поврзување на Центар, Чаир, Карпош и Бутел.

Реализацијата на овој проект, како што информираше Шилегов ќе трае две до 2,5 години и е во вредност од 16 милиони евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1