Почна седница за законот за јазиците


Во Собранието на Република Македонија попладнево почна 32. седница на која треба да се расправа за законот за употреба на јазиците, во трето читање.Пред Собранието на Република Македонија врие од полиција пред почетокот на седницата за Законот за јазиците

На седницата присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат поднесено над 35.000 амандмани на законот.

Пред седницата, пратеничките групи во Собранието, одржаа координативни средби со лидерите на нивните партии. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  велат дека законот не треба да биде донесен без да има амандманска расправа.

Илија Димовски излезе на говорницата и прикажа документ од 22. јануаири 2018. потпишан од Талат Џафери.

– Ве известуваме дека амандмани за законот за јазиците може да поднесувате до два дена пред 27. јануари до 16 часот, пишувало во него. Џафери со свој потпис потврдил дека може да поднесуваат амандмани, исакна Илија Димовски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој кусо изјави дека очекува законот да биде донесен.

Пратеникот Амди Бајрам изјави дека не се согласува со протестите пред Собранието.

– „Не се согласувам со тие што протестираат, ако не сега, следен пат ќе го изгласаме законот“, вели Амди Бајрам.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1