ПОЧНА СЕЗОНА: На располагање 250 велосипеди за по 10 денари од час и електровозила


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ е подготвено за новата сезона за изнајмување на велосипедите, која почна викендов.

Дел од нив се однесени на поправка, поради што од претпријатието не знаат со колку точно велосипеди ќе ја почнат сезоната. Во минатата година скопјани имаа на располагање 250 обични велосипеди, кои можеа да ги изнајмат на повеќе пунктови по цена од 10 денари за час, пишува Дневник.iznajmivelosiped

Сезоната почнува обично на почетокот на април и трае до крајот на октомври, во зависност од временските услови. Велосипедите може да се изнајмуваат од 7 до 22 часот. Од саботата на плоштадот Македонија можат да се изнајмуваат и електромобилите.

Луѓето се неодговорни

Во текот на минатата година претпријатието расходувало 35 велосипеди, кои се надвор од употреба, седум биле украдени, од кои два се пронајдени, а за пет трае постапка за пронаоѓање на сторителите на кражбата.

– Вкупниот број на велосипеди за изнајмување е менлив, бидејќи некои се расипуваат, други се оштетуваат, па се заменуваат со резервните. Некои се расходуваат. Луѓето неодговорно се однесуваат и затоа имаме многу велосипеди што се сервисираат – велат од „Градски паркинг“, без да прецизираат колку оштетени велосипеди имаат во моментот, пишува Дневник.

Според надлежните, лани велосипедите и електровелосипедите биле изнајмени во времетраење од вкупно 2.000 часа.

– Но, интересот за изнајмување на електровелосипедите е помал за разлика од обичните велосипеди, најверојатно поради повисоката цена на изнајмување. За разлика од лани, во 2015 година имаше помалку часови на изнајмување велосипеди и електровелосипеди и тоа вкупно 1.320 – информираат од „Градски паркинг“.

Се изнајмуваат на пет локации

Претпријатието располага со 10 електровелосипеди, пет електротротинети и пет електрични голф-возила, кои се набавени во 2014 година, како и со седум електровозила во ретро стил, кои се набавени во 2015 година. За полнење на електричните возила има два полнача во катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“.

Велосипедите можат да се изнајмат на пет локации во градот: на јавните паркиралишта Треска, кај Градската хируршка болница „Наум Охридски“ и кај Општата градска болница „Осми септември“, како и зад трговскиот центар „Бисер“ и во катната гаража „Македонска фаланга“. Велосипедот може да се изнајми од еден, а да се врати на друг пункт.

Од претпријатието информираат дека има заинтересираност и за користење на електровозилата за туристичко разгледување на градот. Со возилата управуваат возачи од претпријатието, а се прави обиколка во центарот.

Инаку, изнајмувањето на велосипедите чини 10 денари за час, додека на електровелосипедите и електротротинетите по 100 денари за час. За електромобилите цената е 50 денари за човек за тура што трае од 15 до 20 минути, а во нив можат да седнат максимум четири лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1