Почна судењето за смртта на родилката и на новороденчето во Гевгелија


Докторите обвинети за смртта на родилката Кадиева и на нејзиното бебе се бранат дека се невини. За Обвинителството доказите се несоборливи. Вака во Основниот суд во Велес започна судскиот процес против тројцата доктори што се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, пренесува ТЕЛЕГРАФ.

Гинеколозите Венци Чалков (50) и Дончо Москов (59), двајцата од Струмица, како и анестезиологот Томче Ванчев (56) од Гевгелија, се изјаснија за невини. Рекоа дека со ништо не придонеле за фаталниот исход и дека можат да бидат само сведоци во процесот.bolnicA gevgelija

Наспроти нив, обвинителката Славица Темелковски, држејќи фотографија од починатата Маја Кадиева (32) и нејзината шестгодишна ќерка Матеја, која остана без мајка, праша:

– Зошто почина Маја? Зошто згаснаа детските соништа на Матеја? Затоа што тројцата обвинети сториле грешка во работењето и покрај Хипократовата заклетва не постапиле совесно и согласно протоколите. Тоа ќе го докажеме со материјалите докази, со изјавите на сведоците и на вештото лице.

Како сведок прв беше сослушан сопругот на починатата Маја. Тој емотивно го раскажа последниот ден од нејзиниот живот.

– Претпладнето бевме кај матичниот гинеколог за да добиеме упат за редовна контрола на плодот, а неговото раѓање беше најавено за 2 ноември. На телефон нè побара сестра од акушерско од гевгелиската болница, која ни рече да дојдеме веднаш оти за вечерта бил закажан царски рез за породување. Кога се качивме, доктор Чалков ни кажа дека поради празникот 23 Октомври, може да се случи ако сопругата се породи, да нема доктор, па најдобро е вечерта во 19 часот да се изврши царски рез. Бременоста на сопругата и плодот беа во ред, како и сите наоди извршени во меѓувреме. Во закажаниот термин операцијата не започна оти немало анестезиолог, тоа ми го кажаа докторите Чалков и Москов. Ме внесоа во некоја соба, која беше за дежурен доктор, таму да чекам. По одредено време дојде д-р Чалков и ми кажа дека ќе го прекине породувањето, по што се јави некому и телефонски порача „дојди да видиш во каква пијана состојба ти е персоналот“ – раскажа сопругот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1