Почна ЗОО Фест 2014 – забава за најмладите во наредните 8 недели


Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе започне вториот серијал на детскиот забавен и едукативен фестивал „ЗОО Фест 2014“ што ќе се одржува во следните осум викенди.

zooВо рамките на фестивалот на сите дечиња кои дошле да ја посетат Зоолошката градина и да ги видат животните ќе им бидат понудени едукативни и забавни содржини како дополнителна забава. Главно изненадување денеска ќе им биде гостувањето на Дани Димитровска која ќе отпее неколку од своите хитови.

Детскиот ЗОО Фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња“ и едукативно катче во кое се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1