Почнаа со оданочување и на сонцето – ќе плаќаат данок зошто користат сонце


Цената на сонцето е 1,5 евро цент по kwh

3 sonca1Германија и Австрија последните години издвојуваа големи буџетски средства за субвенционирање на сончеви панели. Сите мислеа дека се работи за една благородна акција на овие држави – да им помогне на луѓето помасовно да ги користат обновливите извори на енергија. Голем број на граѓани инвестираа во мини сончеви централа, голем број на бизниси исто така инвестираа во овие уреди но одеднаш шок. Австрија се досети да ја смени политиката.

Имено, Австријците ќе наплатуваат данок на сите оние кој што имаат инсталирано сончеви панели. Да добро слушнавте данок за сонце и ќе изнесува 1,5 евро центи по киловат час. Сега на сите им стана јасно зошто се доделуваа толку силни субвенции. Се работи, за уште еден данок на будали кој што наскоро ќе се воведе и во Германија. Данок на сончевата енергија е апсурден,тоа е исто како и да ви наплатуваат данок за воздух или пак сами да платите данок за морков кој што сами сте го одгледале во вашиот двор за вашите потреби. Иако звучи нестварно данокот првин ќе се спроведува во Австрија, па потоа во Германија а потоа ќе се прошири и на други држави членки на ЕУ. Австријците се шокирани бидејќи се чувствуваат преварено – „Првин не намамија да купуваме сончеви панели а сега сакаат да ни ја оданочат оваа енергија“, изјавуваат збунети Австријци.

Без разлика на се, данокот на сонце е сигурно осмислен од страна на некој си бирократ. Околу нас е бесконечна енергија, бесплатна и достапна на секој . Но сиротиот Јозеф. К од познатиот роман на Кафка „Процес“, кој што е синоним на сите нас, кој што е однапред осуден на безуспешна борба.

Овој данок е симбол на неверојатна себичност, ароганција и пресметаност. Се поставува едно прашање: Како можеше да помине овој закон? Кој е сопственикот на сонцето? И на кој треба да се плати данок? Сонцето и сончевата енергија, е бесплатна на сите жители на оваа планета и навистина звучи неверојатно и нејасно кој е тој кој што може да се постави како сопственик на оваа енергија.

Извор: dnevno.hr/energetskaefikasnost.info

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1