Почнува изборот на нова Влада – Како ќе тече седницата?


Долга и жестока дебата најавува опозицијата во пресрет на седницата на која ќе почне изборот на новата Влада на Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ за Сител велат дека постои голем интерес во пратеничката група и дека речи си сите пратеници ќе се пријават за збор. Согласно Деловникот прво мандатарот Ковачевски ќе има свое експозе по што ќе почне расправата. Договорот е наизменично збор да добиваат по еден пратеник од опозицијата и по еден од мнозинството.

Малите политички партии кои се дел од коалицијата на СДСМ ќе гласаат за Ковачевски но доколку до 15 април не се воведе една изборна единица, најавуваат напуштање на коалицијата

Во СДСМ го повторуваат својот став дека даваат поддршка за ова барање на малите политички партии

„СДСМ има јасен став по однос на ова прашање, за што и претходно сме се изјасниле.

За нас како партија предлогот за една изборна единица е прифатлив, но за изгласување на измените во Изборниот Законик потребен е политички консензус“ – велат од владејачката партија.

Стартот на седницата е закажан за во 11 часот. Гласањето ќе биде во недела, половина час пред полноќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1