Почнува увидот во избирачкиот список


Увидот во Избирачкиот список за претстојните априлски претседателски избори во земјата ќе започне денес и ќе трае до 7 март. ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, го става Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни единици и месни канцеларии.

izbori livceДо 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.

На 1 февруари, пак, започна да тече и рокот во кој граѓаните од дијаспората ќе можат да поднесат пријава за гласање за претседателските избори. Граѓаните исто така ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список и преку веб-страната на ДИК.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1