Според народните верувања, од 16 ноември, па сè до 24 ноември, временските прилики ќе укажат каква ќе биде претстојната зима.
Имено, ако деновите бидат магловити, зимата ќе биде променлива и маглива, а ако бидат ведри зимата ќе биде оштра со доста мраз!
Овие денови се нарекуваат и Волчји денови.
Во ова време ништо не се дава од куќата, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмараат, а жените не работат рачни работи.