Под лупа секоја тегла и секое капаче – Амбалажата може да ја загади храната


Технолозите велат дека и амбалажата може да ја загади храната. Според нив, има многу видови амбалажи пластични, картонски, стаклени. Полимерни амбалажи се и стаклените бидејќи стаклото е еден вид полимер.

ambalazaKристалните амбалажи може да содржат олово с` со цел да се подобрат карактеристиките. Точно е дека овие елементи, пред с`, тешките метали, може лесно да се пренесат во прехранбениот продукт, а се штетни за човековото здравје. Лимитот за тоа колку треба да се содржи од одреден елемент се одредува со дневната толеранција. Многубројни се примерите каде што продуктот е контаминиран од амбалажата, на пример, млеко за деца контаминирано со исопропилтиоксатон. Директни последици за здравјето нема, но со континуирано внесување и во поголеми концентрации може да се појават здравствени проблеми – велат технолозите за Дневник.

Секоја тегла, како и шише, тетрапак-амбалажа, канчиња за кисело млеко, но и најлонска амбалажа за сирење и капачиња со кои се затвораат пластичните и стаклените садови се ставаат под лупа на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментов се прават работилници со кои се обучуваат инспекторите и сите оператори со храна, а во текот на годинава предвидено е да се опфатат сите поголеми градови. Според законските одредби, ќе се контролираат и машините што се користат за производство на храна, но и тие што се користат за пакување. Под контрола се и приборот за храна, гумените ракавици, лепилата и боите што се користат при производство на храна. Исклучок се прави само кај стари предмети и антиквитети, материјали за покривање одредена храна, кои се јадат, како кај кашкавали и виршли и опрема за водоснабдителни системи. Во Агенцијата за храна потврдуваат дека без посебна придружна документација и контрола, увоз на материјали кои доаѓаат во контакт со храната, не е можен во земјава.

Според законот, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им забранат користење на материјалите што доаѓаат во контакт со храната, на компаниите што нема да добијат соодветно одобрение. Доколку компаниите не го почитуваат правилникот, ќе бидат парично казнети.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1