Подгответе се – еве какво невреме не очекува


Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, како и на југоисток каде локално се очекува да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од осум до 15 степени.grom dozd nevreme

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До петок нашето подрачје се уште ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои ќе предизвикаат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во петок и тоа особено во западните и источните делови од земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1