Во наредниот месец можеме да очекуваме сончево време со температури кои ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени Целзиусови, но ноќите ќе бидат постудени, а минималните температури во пад.
Идниот месец, според прогнозата на AccuWeather, во Македонија ќе биде сончево, а температурите нема да бидат над просечните за овој период од годината.
Дожд може да се очекува на почетокот на септември, но и од 23 септември, па до крајот на месецот, кога се очекува и значителен пад на температурите до околу 20 степени Целзиусови.
Ноќните температури во септември го најавуваат доаѓањето на есента.
Kurir