Претежно облачно, претпладне со магла по котлините. Во западните делови ќе има повремени локални слаби врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени.
Во Скопје: претежно облачно, претпладне со слаба магла. Преку денот ќе има услови за повремен слаб дожд и ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
И натаму продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во петок, кога на повеќе места ќе бидат пообилни, а температурите ќе бидат во опаѓање.