Подрумите на удар – крадците бараат ајвар


Семејствата на двајца тетовци оваа зима ќе останат без најбараната зимница – ајварот, пишува „Утрински весник“.

Нивните подруми биле провалени од непознати арамии и им ги однеле сите 20 тегли од двата подрума. Кражбата била во централното градско подрачје на Тетово, на булеварот „Маршал Тито“ во станбена повеќекатница. Провалени се неколку визби од кои биле одземени сите тегли со ајвар. ajvar.8122

СВР Тетово предупредува на потребата од поголеми заштитни мерки во визбите. Оттаму информираат дека насилни отворања имало и во визби на улицата „Браќа Миладиновци“ и станбен блок 82. Од визбата на тетовец е однесен еден кубен метар огревно дрво подготвено за употреба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1