Осумгодишната Рокси Гетер од Флорида во САД е најмладо девојче кое се искачи на планината Килиманџаро во Танзанија. Рокси и нејзиното семејство се искачија на највисоката планина на африканскиот континент, на највисокиот врв Ухуру, кој се наоѓа на 5.865 метри надморска височина, јави Би-Би-Си.
– Беше многу тешко затоа што моравме да се искачуваме по многу стрмни терени. Мислев дека никогаш нема да стигнам до врвот, рече Рокси за Би-Би-Си.
После шест дена, по многу ниски температури, семејството Гетер стигна на врвот на Килиманџаро.
– Беше многу тешко, бев многу уморна, едвај можев да одам, рече Рокси.