Подземните ходници на Кратово кријат богатство


Се претпоставува дека во времето на Костадин Дејанов, паралелно со градбата на кулите, течела и изградбата на подземните тајни ходници со кои овие кули се поврзани. Тие служеле за криење и бегање од непријателите, и се уште кружат приказните за големото скриено богатство во нив кое некои трагачи по злато се уште го бараат…

kratovo2Во минатото во Кратово постоеле и 13 кули, но денес останале само шест Симиќева, Златкова, Еминбегова, Крстева, ХаџииКостова и Саат кула, изградени во 14 век, од тогашниот господар на Кратово, феудалецот Костадин Дејанов. Тој бил многу богат и моќен владетел и господарел со североисточниот дел на Македонија, поседувал дворец во Кратово и монетоковачница во која ковал монети со својот лик.

Се претпоставува дека во негово време паралелно со изградбата на кулите, течела и изградбата на подземните тајни ходници со кои овие кули се поврзани. Тие служеле за криење и бегање од Османлиите и се уште кружат приказните за големото скриено богатсаство во нив кое некои трагачи по злато се уште го бараат. Овие ходници не се доволно истражени, но со проектот на Министерството за култура се најавува дека во скоро време ќе се истражат и ќе се реконструираат.

Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1