Поевтин роамингот од Србија, Црна Гора и БиХ


Мобилниот роаминг во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија поевтинува за нови 20 проценти.

Ова е третото и последно намалување на цената кое го договорија четири држави во 2015-та со цел да се коригираат екстремно високите цени на роамнинг услугите низ Западниот Балкан, далеку над оние во остатокот од Европа.

Со тоа од денес една минута разговор во роаминг ќе се наплаќаат по 11,6 денари, за СМС порака 3,7 денари, а за мегабајт-интернет 12,3 денари.

Од Агенцијата за телекомуникации велат дека ќе следат нови напори за натамошно поевтинување на услугите.

Од 15 јуни се укина роамингот за жителите на земјите од Европската унија, кои патуваат во рамки на Унијата.

Иако испратило барање тоа да важи и за земјите кандидати за членство како Македонија, во АЕК не се оптимисти дека истото ќе биде прифатено. Порачуваат и дека за сметка на укинувањето на роамингот во ЕУ забележано е поскапување на останатите услуги кај операторите во Унијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1