Поевтиното парно ќе го плаќаат исклучените


Покрај минималното намалување на цената на топлинската енергија, Kомисијата предлага да се зголеми цената за ангажирана моќност од сегашните 893 на 1.037 денари, со што автоматски ќе се покачат сметките за станарите исклучените од системот, пишува Дневник.

radijatorЦената за ангажирана моќност, според овој предлог, треба да изнесува 1.037 денари наместо сегашните 893 денари. И при првото намалување на цената на топлинската енергија во март годинава за околу 14 отсто, беше зголемена цената за ангажирана моќност од 665 денари на 893 денари, што износите на фактурите за исклучените станари ги покачи за неколку стотици денари, бидејќи токму овој износ најмногу учествува во фиксниот дел, кој го плаќаат тие што не користат веќе парно греење. И ова сега ќе ги чини исклучените, околу 10.000 станари, по уште неколку стотки на сметките, кои отсега, како што најави првиот човек на Регулаторна, Димитар Петров, ќе се плаќаат на 12 месеци или, по желба, на 8 месеци.

Познавачите потврдуваат дека со овој предлог на Регулаторна ќе се покачат сметките на околу 10.000 станари исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија. Појаснуваат дека целта е тие да се натераат да се приклучат повторно на топлификациската мрежа. Ова, меѓу редови, го потврди на завчерашната прес-конференција и првиот човек на регулаторна, Петров. Тој рече дека се надева оти намалувањето на цената на топлинската енергија во февруари годинава и претстојното од 1 август ќе придонесат исклучените корисници повторно да се вклучат во системот. Во Скопје има околу 55.000 корисници на топлинска енергија, од кои 45.000 ги снабдува БЕГ.

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1