Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар по литар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, малопродажните цени на „еуросуперот БС-95“ ќе изнесува 63 денари за литар, на „еуросуперот БС-98“ 64,50 денари за литар, а на „еуродизелот (Д-Е V)“ ќе изнесува 49,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се изнесува 38 денари за литар.
Од полноќ малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,169 денари за килограм ќе изнесува 21,788 денари за килограм.