Поевтинуваат становите во Скопје- колку е просечната цена?


Просечната цена на метар квадратен станбена површина лани изнесувала 43.091 денар, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.zgrada novo lisice

Во Скопје, просечната цена на метар квадратен била 50 829 денари што е за 3.9% помалку во споредба со 2015 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32 721 денари, што е за 1.6% помалку во споредба со претходната година. Просечната цена на метар квадратен површина во второто полугодие од 2016 година е намалена за 5.9% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 3.8%. Наведените просечни цени на метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.

Ако погледнеме години наназад, според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на квадрат станбена површина во 2014 година изнесуваше 46 505 денари, што е за 0.7% помалку во однос на 2013 година. Во Скопје, просечната цена на метар квадратен површина изнесуваше 53 878 денари што е за 1.8% помалку во споредба со 2013 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 33 505 денари, што е за 14.7% помалку во споредба со 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1