Поглаварот на Македонското ИВЗ носи „ролекс“ вреден 35.500 евра


Исклучително вреден и скап швајцарски часовник марка „ролекс“ на својата рака носи поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи. Според тоа што го забележавме при неодамнешното упатување на бајрамската честитка, се работи за часовник што овој реномиран производител го нарекол Yacht-master II 44mm и претставува комбинација од челик и злато.

Поради сето тоа, тој е исклучително скап примерок дури и во споредба со другите модели зад кои стои швајцарската фирма, а кои се движат од неколку илјади до повеќе десетици илјади евра. Нашата проверка во каталозите во кои се наведени цените на различни модели покажува дека овој модел може да се купи по цена од 35.500 евра. Толкава цена, имено, е наведена во каталогот на белградската фирма Petite Geneve Petrovic, која е застапник за продажба на разни модели на швајцарската фирма во Србија. Часовникот што на својата рака го носи реисот Реџепи сосема е идентичен по својот изглед со тој што оваа позната српска фирма го нуди на продажба. reis redjepi
Цената од 35.500 евра се однесува на модел направен од 18-каратното злато. Ваков вид часовник првпат е направен во 2007 година и е опремен со механизам за одбројување регати и овозможува програмирање од една до десет минути.

Сепак, останува дилема дали тој е оригинален модел или се работи за негова копија. Во кабинетот на реисот вчера не добивме одговор дали часовникот е оригинален и од кога тој го поседува. Ако часовникот не е оригинален, односно, е нелегален модел на „ролекс“, сопственикот има обврска да го пријави кај надлежните органи што се занимаваат со заштита на индустриската сопственост. roleks pop
Според сознанијата, реисот Реџепи часовникот почнал да го носи од летоска, по враќањето од одмор од Улцињ, Црна Гора. Тој го добил најверојатно како подарок од некој од своите пријатели со кој во тој период се сретнал во познатото летувалиште. Не е познато зошто пријателот му дал ваков вреден подарок. Неофицијално се дознава дека станува збор за мошне богат бизнисмен, кој во тој период престојувал во Улцињ за да склучи договор за купување хотел во црногорскиот град.

Во неодамнешната анкета на „Дневник“ во која поглаварите на верските заедници и религиозни групи во земјава беа прашани колкаво лично богатство имаат, од ИВЗ не ни беше доставен одговорот за материјалната состојба на реисот. Исламското учење инаку не им забранува на своите верници и функционери во верските заедници да имаат и поголем личен имот, кој треба рационално да се користи. Истовремено, секој исламски верник секоја година има обврска да плаќа верски данок, кој се нарекува зекат и кој изнесува 2,5 процента од добивката што ја имал изминатава година.

Kако и сите други верски службеници што работат во Исламската верска заедница и реис-ул-улема секој месец прима плата за највисоката функција што ја обавува. Неофицијално се дознава дека платата на реисот е нешто повеќе од 1.100 евра.

Дневник.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1