Линиите на дланките можат да помогнат во дијагностицирање на одредена медицинска состојба кај човекот, тврдат научниците.
Линиите на дланките помагаат во ширењето и собирањето на кожата, а се развиваат уште додека бебето се наоѓа во мајчината утроба, дванаесет недели од бременоста.
Кога ќе се соберат прстите, линиите на дланките даваат простор на кожата. Затоа има ме поголеми набори на местата каде се наоѓаат коските на прстите.
Повеќето од луѓето имаат три истакнати линии преку дланките, но има и случаи кога има само една линија.
Само една линија на дланката може да укажува на неправилен развој. Понекогаш е присутна кај бебиња со Даунов синдром или фетален алкохолен синдром.
Дебелината и бројот на линиите на дланките зависат од други фактори како што е семејната историја и раса.
Извор: Нова Македонија