Погодена руската амбасада во Дамаск


Руското министерство за надворешни работи повика во понеделникот на “конкретна акција“, откако проектил падна на територијата на руската амбасада во Дамаск, главниот град на Сирија, пренесува Танјуг.Damask-mapa

„Проектилот падна на територијата на руската амбасада во Дамаск, соопшти министерството, обвинувајќи ги силите кои се борат против претседателот Башар ал-Асад за овој „терористички акт“.

Како што пренесе агенцијата AFP, во нападот никој не е повреден, ниту е нанесена штета.

Руската амбасада во Дамаск и во мај беше погодена со проектили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1