Погодените од поплавите првично ќе добијат по 30.000 денари помош


Вицепремиерот Владимир Пешевски денес информираше дека се донесени заклучоци од специјалната седница на Владата за катастрофалните последици од невремето во Тетово.

-Во доцните вечерни часови екипи на Владата на Република Македонија извршија посета на терен каде што директно се запознаа со состојбите и што е она што се случува таму. А направена е и средба со градоначалникот на Тетово, појасни Пешевски.pesevski

Тој подвлече дека од она што е утврдено на денешната седница на Владата е дека уште во текот на рабите утрински часови како резултат на таа посета има одговор од страна на сите институции и беа превземени низа на чекори и мерки со цел да се надмине состојбата која што беше предизвикана од елементарната непогода.

– Се ангажираше сета потребна тешка градежна механизација за на терен да се расчистуваат патиштата да се санира инфраструктурата и да се обезбеди пристап до населените места. Уште во текот на ноќта беа доставени првите количини на вода за пиење на местата каде што имаше потребна, создадени се и залихи од вода за наредниот период бидејќи во некои од овие населени места има целосен прекин на водоводната мрежа, а некаде има и индикации дека можеби водата не е употреблива за пиење, додаде Пешевски.

Биле доставени и определени количини на храна а екипи на Брза помош уште од вечерните часови биле лоцирани на пунктовите.shipkovica_1

-Во текот на денот по одржаната вонредна седница на Владата која што беше посветена единствено на состојбата во Тетово  и во тетовско. Според првичните информации кои беа доставени до Владата а кои беа доставени од сите релевантни институции како што се Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвен крст, беа повикани и градоначалниците на општина Тетово, релевантни министерства, пратеници од тој регион, Управата за хидрометеоролошки работи. Од сите тие информации заклучено е дека има оштетување на приватен и државен имот, земјоделско земјиште, како и оштетување на државната и општинската инфраструктура, информираше Пешевски.

Во името на Владата тој изрази искрено сочувство на семејствата на жртвите, кои бројат 4, а по едно лице се трага.

Пешевски информираше дека на состанокот било заклучено дека државата ќе интервенира за да помогне во санирање на штетите, на државниот како и на приватниот имот. Формирана е специјална Владина Комисија која веднаш излегла на терен, а во рок од 1-2 дена ќе изврши проценка за тоа каде е направена штета, при што ќе биде направен список на семејства.

– Првично ќе се изврши пребројување на сите семејства кои се зафатени од невремето кои веднаш ќе добијат еднократна парична помош во висина од 30 илјади денари по семејство. Истата Комисија ќе продолжи да врши проценка на целото оштетување на теренот на поплавите за кое што ќе биде утврдена и висината на штетата како и помошта која ќе ја додели Владата , рече Пешевски.

Првичната проценка е дека се зафатени повеќе од 200 објекти каде што има значителна штета. Aгенцијата за конфискуван имот ќе додели помош во опрема, обувки, алишта, сето она што сои на располагање во агенцијата.

-Ќе биде отворена и посебна сметка за донации за собирање на финансиски средства за што ќе информираме во текот на денот, рече Пешевски.

Пешевски информираше дека е формирано и посебно координативно тело, каде се вклучени сите релевантни владини институции, кое ќе се грижи за санација од поплавите и тоа во што е можно покус рок и на што е можно поефикасен начин.

Градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи информираше дека сите општински екипи веднаш биле на терен и било веднаш интервенирано за да се намалат последиците.

-Размерите на несреќата се многу големи и со него не може да се носи сама една општина за нас е од голема важност што Владата денеска ја одржа оваа седница и ги донесе овие заклучоци. Затоа што на овој начин, координирано и заеднички можеме да им помогнеме на нашите граѓани кои се зафатени со оваа несреќа, порача Арифи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1