Силно невреме го зафати кичевскиот регион – најава за невреме и во скопско


Попладнево силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, ветер и електрични празнења ,го зафати кичевскиот регион За четириесеттина минути сообраќајниците во градот се претворија во мали реки, а во пониските делови на градот се слеваа големи количини на дождовница.

nevreme dozd 11

За овој период сообраќајот во градот се одвиваше отежнато, но без поголеми застои.

Дождот придонесе да се намалат температурите и животот на граѓаните да биде многу поподнослив.

До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западна Македонија, а од нестабилност ќе бидат зафатени и делови од Скопското подрачје. Во вечерните и ноќните часови времето постепено ќе се стабилизира, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Локален пороен дожд со грмежи  УХМР регистрираше попладнево во делови од Пелагонија, во Охридско-Преспанскиот регион, во планинските делови од Охрид, преку Кичево до езерото Козјак и Јакупица, како и изолирана појава во планинските делови од источна Македонија. Во овие моменти појава на нестабилност има и на Скопска Црна Гора.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21, а дневната од 30 до 37 степени и вредност на УВ индекс 8.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1