Пријател на Стеван Јојиќ (40), кој трагично загина во Житиште, кој е на годишен одмор во родниот град, а привремено работи во Шведска, за „Новости“ изјавил дека неговиот другар планирал свадба со Дијана Златиќ.
Врската траела неколку месеци, а основана била после прекинот меѓи Синиша и Дијана.
Најпрво се гледале во тајност, но во последно време излегувале и јавно.
Пред трагедијата, заедно го поминале викендот во Аранѓеловац.
Исто така изјавил дека го поканил Стеван со Дијана и нејзиниот 8-годишен син во Шведска. Меѓутоа, таткото Синиша не сакал да потпише согласност за патување и отворено кажувал дека го мрази тоа што Дијана се дружи со Стеван.
Погребот на Стеван ќе биде денес, како и Владимир Мијатовиќ, негов врсник, пријател и сосед од Житиште.