Јавното претпријатие Погребални услуги од Охрид има пет пати повеќе членови на Управниот одбор од вработени. Претпријатието кое повеќе од една година не работи бидејќи нема лиценца да врши погреби има двајца вработени, од кои едниот е директорот и дури 10 членови на Управниот одбор кои секој месец книжат вкупно по 20 000 денари нови долгови, без пресметан персонален данок на хонорарите.
Ваквиот сооднос на вработени и членови на Управен одбор веројатно ова претпријатие може да го внесат и во Гинисовата книга на рекорди бидејќи фирмата не работи ништо, а кој месец трупа долгови за двете плати и хонорарите на Управниот одбор.