Погребалното во Охрид има 2 вработени и 10 членови на Управен


grobistaЈавното претпријатие Погребални услуги од Охрид има пет пати повеќе членови на Управниот одбор од вработени. Претпријатието кое повеќе од една година не работи бидејќи нема лиценца да врши погреби има двајца вработени, од кои едниот е директорот и дури 10 членови на Управниот одбор кои секој месец книжат вкупно по 20 000 денари нови долгови, без пресметан персонален данок на хонорарите.

Ваквиот сооднос на вработени и членови на Управен одбор веројатно ова претпријатие може да го внесат и во Гинисовата книга на рекорди бидејќи фирмата не работи ништо, а кој месец трупа долгови за двете плати и хонорарите на Управниот одбор.

Охрид1

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1